Connect with us

Фудбал

Сензација во Торино, Монца го совлада Јувентус, ова никој не го направил освен Интер во 1930-та година (ВИДЕО)

Нова сензација денеска во Серија А. Откао Сасуоло го совлада Милан со 5:2 на Сан Сиро, уште поголемо изненадување направи Монца која во Торино славеше со 0:2. Чиуриа 18-та и Дани Мота 39-та беа стрелците на головите. Јувентус имаше шанси, посед на топка, но попусто кога ги загуби бодовите.

Инаку Монца ја доби со 1:0 и првата пресметка на овие два тима во првиот дел од сезоната, со што стана вториот тим во историјата на италијанскиот фудбал кој ги добил првите два меча со Јувентус, по Интер во 1930-та година.



Со оваа победа Монца се најде на 11-то место со 25 бодови, а Јувентус е на 13-то место со 23 бодови, секако поради оние минус 15 поради казната од Италијанскиот фудбалски сојуз. На последните три меча Јувентус забележа два порази и едно реми. Монца е во серија од шест меча без пораз, односно три победи и три нерешени средби.