Фудбал
Интер почна преговори со замената за Шкриниар, тоа е Хари Мегваер!
Интер започна преговори со Манчестер Јунајтед околу евентуалниот трансфер на Хари Мегваер во текот на летото, пишуваат италијанските медиуми.
„Нероаѕурите“ се свесни дека наскоро ќе останат без Милан Шкриниар, кој одби продолжување на договорот и е на прагот да се пресели во ПСЖ, па Мегваер е еден од кандидатите да го замени.
Интер планира да го доведе Мегваер на позајмица, а стоперот е исто така заинтересиран да го напушти островот.
Договорот на Мегваер со Манчестер Јунајтед истекува во 2025 година, а оваа сезона тој беше во стартниот тим на само четири натпревари во Премиер лигата. Со низа киксови тој целосно ја загуби довербата на менаџерот Ерик тех Хаг, но во меѓувреме одигра многу добро на Светското првенство во Катар во дресот на Англија.
Англискиот репрезентативец пристигна во Манчестер Јунајтед во 2019 година од Лестер за 87.000.000 евра.