Connect with us

Фудбал

Алегри по поразот на Јувентус од Монца: Мора да освојуваме бодови ако сакаме да обезбедиме опстанок!

Монца го шокираше Јувентус викендов и славеше со 2:0 во Торино. Со овој пораз, но и одземените 15 бодови поради казната за финансиски малверзации при трансфери, големиот Јувентус од врвот се најде во долниот дел на табелата во друштво со екипи кои се борат за опстанок. Тренерот Алегри, со болна, но во овие услови реална изјава:

-Мора да освојуваме бодови за да обезбедиме опстанок во Серија А. Ситуацијата се преврте наопаку, но ова е реалноста во моментов и мораме да ја препознаеме, во спротивно ќе заврши лошо за нас, изјави Алегри.