Фудбал
Компанијата која го гради Diamond Skopje и подземен булевар, ќе го реконструира „Камп Ноу“
Една од најголемите градежни компании во Туркије ќе работи на преуредување на „Камп ноу“, стадионот на шпанскиот фудбалски великан Барселона, известува „Анадолу“.
„Новиот „Спотифеј Камп ноу“ е наследство кое ќе им го оставиме на нашите синови и ќерки, внуци и внуки навивачи на Барселона“, рече денеска Жоан Лапорта, претседателот на Барселона, по церемонијата на потпишување на договорот со турскиот изведувач „Лимак холдинг“.
Нихат Оздемир, директор на „Лимак“, изјави дека станува збор за значаен проект.
„Ова е многу поголема одговорност од самата надградба на стадионот, бидејќи идниот „Спотифеј Камп ноу“ не е важен само за ФК Барселона и нејзините навивачи, туку во исто време и за градот Барселона и за цела Каталонија“, рече Оздемир.
Покрај Лапорта и Оздемир, на церемонијата присуствуваа и турскиот амбасадор во Шпанија, Бурак Акчапар и турскиот генерален конзул во Барселона, Селен Евџит.
Управниот одбор на Барселона на 9 јануари ја одобри и ја објави одлуката за проектот вреден речиси милијарда долари. Работите би требало да започнат во јуни.
Инаку, светски реномираната компанија со седиште во Турција “Лимак Холдинг”, во тек е со интензивни градежни активности на просторот околу Старата железничка станица во Скопје. Таму се гради деловно станбен комплекс „Diamond Skopje“, а таму треба да се гради и подземен булевар.
Преземено од агенција Анадолија