Фудбал
На фудбалерот на Манчестер Јунајтед му ја уништија кариерата, па сега е повлечено обвинението за обид за силување, тој од денеска е слободен човек!
Една година по апсењето, фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд сега е слободен човек, откако сите обвиненија против него беа отфрлени.
На 30 јануари 2022 година, напаѓачот беше уапсен и подоцна обвинет за обид за силување, напад со нанесување телесни повреди кон неговата поранешна девојка. Тој потоа беше ослободен со кауција, а потоа беше задржан во притвор, но повторно беше ослободен во очекување на судењето, кое требаше да започне до 27 ноември 2023 година. Денес, сепак, полицијата објави дека Гринвуд повеќе не е обвинет.
„Во овој случај постои комбинација на повлекување на клучните сведоци и набавка на нов материјал, врз основа на кој веќе не постои реална можност за осуда“, се вели во официјалното полициско соопштение.
– Под овие околности, наша должност е да го затвориме случајот. Ја оправдавме нашата одлука пред сите страни“.
По притворот, Манчестер Јунајтед се огради од него и не му дозволи да тренира со тимот. Неговиот последен натпревар за тимот беше на 22 јануари 2022 година.
Скандалот изби пред една година откако на социјалните мрежи беа објавени фотографии и видеа од жена која пријавила физичко насилство врз неа.