Фудбал
Јувентус против Интер во полуфинале (ВИДЕО)
Покрај големите проблеми и турбуленции кои го зафатија Јувентус во изминатиот период, пред се поради одземањето на 15 бодови поради финансиски малверзации со трансфери, сепак фудбалерите на овој тим беа на висина на задачата па го совладаа Лацио во четвртфиналето на Купот на Италија со 1:0. Единствениот гол беше дело на дефанзивецот Бремер во 44-та минута.
Јувентус заслужено славеше, па во полуфиналето обезбеди пресметка со Интер, кој е бранител на пехарот.
Првиот меч се игра на 5-ти април, а Јувентус е домаќин, додека реваншот ќе биде на 26-ти истиот месец во Милано.