Connect with us

Фудбал

Роналдоооо, прв гол на официјален меч, го спаси Ал Наср од пораз, ама немаше Сиуууу (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо го постигна својот прв гол на официјален меч и го спаси Ал Наср од пораз. Неговиот тим губеше со 2:1 до 93-та минута кога Роналдо погоди за 2:2 од пенал. Претходно во првото полувреме не погоди два зицери.

Инаку некогашниот играч на Барселона, Кристијан Тељо му донесе предност на Ал Фатех во 12-та минута. Талиска израмни во 42-ра, а ново водатво на Ал Фатех му донесе Бандепка во 58-ма минута. Конечните 2:2 ги постави Роналдо од пенал.

Со 34 бодови, но и меч помалку Ал Наср е лидер на табелата, а исто толку бодови има Ал Шабаб.