Connect with us

Фудбал

Проблеми за Интер, Стивен Жанг би можел да заврши во затвор, должи 300 000 000 евра, а на суд лажел!

Падот на Јувентус поради финансиски малверзации ја крена на нозе цела Италија и Европа.Откако му беа одземени 15 бода, неодамна беше објавено дека Старата дама може да остане без уште 20 бода, што ќе ја однесе на дното во Серија А. Додека во Торино со голема загриженост ја следат судбината на Јувентус, во неволја би можел да се најде и Интер, но поради нивниот претседател Стивен Жанг!

Италијанскиот портал Calcio e Finanza, специјализиран за економската страна на фудбалскиот бизнис, пренесува дека синот на Џиндонг е во сериозна неволја и дека против него се покренати дури четири судски постапки! Како што се посочува, доверителите го обвинуваат дека не го платил долгот кој надминува 300.000.000 евра! Станува збор за спор што Жанг го има со China Construction Bank Corporation (CCBA), за кој малку се знае во Европа.

За време на короната во 2021 година, Сунинг, компанија сопственик на Интер, беше сериозно погодена од пандемијата. Тогаш се пишуваше за финансиската криза на клубот и Сунинг, дека на Интер му требаат преку 200.000.000 евра за опстанок, поради што подоцна го продадоа Ашраф Хакими во ПСЖ, а Ромелу Лукаку на Челзи, а се споменуваше и дека Сунинг должи над 1.000.000.000 евра.

Поради наталожените долгови против првиот човек на Интер, во САД беше покренат голем судски спор, плус уште два во Хонг Конг и еден во Милано. Жанг треба да се појави пред судија во САД на 13 март, за да се изјасни за три прашања – дали и колку им должи на доверителите, како и дали може да ги потврди во случај да биде прогласен за виновен. Доколку биде осуден, му се заканува затворска казна до три месеци.

Според писмото од втората тужба, Жанг е обвинет дека „лажел под заклетва“ за време на првото судење во Хонг Конг. Тој, наводно, лажел пред судот во Хонг Конг дека не знае ништо за рефинансирањето на заемите што веќе ги земал, дека не потпишал никакви договори или дал лични гаранции и дека потписите на документите се фалсификувани. Доколку и во тој случај биде прогласен за виновен, повторно ќе се соочи со затворска казна или парична казна.