Connect with us

Фудбал

Ливерпул потопен, Манчестер Јунајтед се врати на победите (ВИДЕО)

Екипата на Ливерпул навистина има лоша сезона. Попладнево на гостувањето кај Вулверхемптон се поразени со убедливи 3:0, што е трет пораз во последните пет меча во Премиер лигата. Домаќините поведоа со автоголот на Матип во 5-та минута, а седум минути подоцна Досон погоди за 2:0. Конечните 3:0 ги постави Невес.

За разлика од Ливерпул, Манчестер Јунајтед се врати на победите по поразот од Арсенал во дербито во минатото коло. Попладнево славеа со 2:1 против Кристал Палас на „Олд Трафорд“. Фернандеш и Рашфорд погодија за Јунајтед,  Шлуп за Кристал Палас.

Премиер лига, 22 коло:

Петок:

Челзи – Фулам 0:0

Сабота:

Евертон – Арсенал 1:0 (0:0)

Астон Вила – Лестер 2:4 (2:3)

Брентфорд – Саутемптон 3:0 (2:0)

Брајтон – Борнмаут 1:0 (0:0)

Манчестер Јунајтед – Кристал Палас 2:1 (1:0)

Вулверхемптон – Ливерпул 3:0 (2:0)

18:30 Њукасл – Вест Хем

недела:

15:00 Нотингем Форест – Лидс

17:30 Тотенхем – Манчестер Сити


Standings provided by Sofascore