Connect with us

Фудбал

Екс фудбалер на Челзи и Њукасл заробен под урнатините по земјотресот во Туција, синоќа постигна гол за победа (ВИДЕО)

Поранешната ѕвезда на Челзи и Њукасл, Кристијан Ацу, наводно е „заробена под урнатините“ по разорниот земјотрес во кој има над илјада загинати само во Турција, а голем е бројот на жртви и во соседна Сирија.

Ганаецот игра за турскиот клуб Хатајспор, кој е со седиште во регионот Кахраманмарас – една од областите најтешко погодени од земјотресот. Неколку од соиграчите на Ацу исто така беа погодени од  катастрофата, но тие се спасени и преместени на безбедно.

Во моментов е во тек операција за пребарување и спасување за пронаоѓање на 31-годишникот Ацу, како и на спортскиот директор на Хатајспор Танер Савут за кој исто така се верува дека е затрупан под урнатините.