Connect with us

Фудбал

ЕСПН Бразил објави „бомба“: Карло Анчелоти е новиот селектор!

Според ESPN Бразил, Карло Анчелоти се согласил да биде селектор на бразилската репрезентација ова лето до јуни 2026 година, по Светското првенство.

Засега нема официјална потврда, а Анчелоти кусо изјавил: Јас сум тренер на Реал Мадрид, имам договор до 2024-та, тоа го знам.

Сепак медиумите велат дека бразилското трио Винисиус, Милитао и Родриго кои се дел од Реал Мадрид веќе знаат за ова и се претпоставува дека од нив „излегла“ веста, иако двете страни сакале уште некое време целата зделка да ја чуваат во тајност.