Фудбал
Хаос во соблекувалната на ПСЖ, Нејмар се тепал со спортскиот директор!
Штом стигна информацијата од Пари Сен Жермен дека Лионел Меси, Марко Верати и Килијан Мбапе ќе бидат подготвени за првиот меч со Баерн во Лигата на шампионите (вторник, 21.00 часот), пристигнуваат вести кои ќе го расипат расположението на навивачите. Бразилскиот фудбалер Нејмар се степал со спортскиот директор Луис Кампос во соблекувалната, пренесува добро информираниот „RMC Sport“ кој најчесто објавува само проверени информации.
🚨 Neymar clashed with team-mates before being involved in a heated dressing room row with PSG chief Luis Campos following Saturday's defeat at Monaco.
(Source: @lequipe) pic.twitter.com/bgHwZaTJYv
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) February 13, 2023
Пресметката се случила по поразот на Пари Сен Жермен од Монако (1:3) викендов, а на тој меч „светците“ беа многу ослабени, но се очекуваше дека и во ваков состав на сили ќе стигнат до три бода. Играа како да штедат за Баерн и тоа му пречеше на Луис Кампос, а не е тајна дека атмосферата е лоша некое време.
Изворите велат дека се расправале и дека тоа го слушнала целата соблекувална, по што во расправијата се вклучил и капитенот Маркињос. Наводно дошло до физички конфликт, а интервенирале и останатите фудбалери кои ги разделиле „жешките глави“ кои очигледно не функционираат добро кога резултатите не се идеални. Претходно ПСЖ загуби и од Марсеј и беше елиминиран во Купот на Франција, додека вториот пораз во краток период создаде хаос во соблекувалната.
Нејмар во претходниот период имаше проблеми со повреда, но оваа сезона игра добро, откако постигна 17 гола и 16 асистенции. Без помошта на Меси и Мбапе беше немоќен против Монако.