Connect with us

Фудбал

Новото засилување на Барселона слета на аеродромот (ВИДЕО)

Хулијан Араухо, 21 годишен фудбалер кој доаѓа од ЛА Галакси ќе биде ново засилување на Барселона. Договорот е постигнат, па тој вечерва слета на аеродромот во Барселона заедно со неговиот агент.

– Подготвен сум да дадам се од себе за овој врвен клуб, многу сум среќен што сум тука, е неговата прва изјава по слетувањето на аеродромот.

Араухо игра на позицијата десен крилен фудбалер и е репрезентативец на Мексико. Со Барселона ќе потпише договор до 2026-та година, а финансиските детали не се познати.