Connect with us

Фудбал

Белингем заминува исклучиво за 150.000.000 евра, Реал Мадрид полека се откажува

Дортмунд се чини е надминат тим за неговиот квалитет, па веќе следното лето Џуд Белингем треба да направи чекор напред во кариерата. Така барем најавуваат најголемите европски медиуми. И додека од Островото од први редови ги наведуваат тимовите кои ќе конкурираат за англискиот играч за врска, германските медиуми пишуваат дека Белингем во Вестфалија треба да биде заменет со Даичи Камада од Ајнтрахт.

Угледниот „Атлетик“ пишува за она што го чека Белингем на крајот од сезоната. Споменатиот извор истакнува дека позицијата на Дортмунд ќе биде клучна во целата зделка. Белингем има договор со германскиот клуб до летото 2025 година, а иако се во добра финансиска состојба во Вестфалија и немаат потреба да го продаваат, нема да му застанат на патот во случај на задоволителна понуда. Што во превод би било 150.000.000 евра, колку Борусија уште од старт потенцираше дека ќе бара за 19-годишниот Англичанец. Ливерпул е фаворит, Сити и Јунајтед демнат во сенка, додека се чини дека Реал Мадрид полека се повлекува од трката.