Фудбал
Арјан Адеми заминува од Динамо Загреб, добил понуда од 3 милиони евра годишно, нешто што не се одбива!
Фото: Игор Краљ/PIXSELL
Вчера во дербито од 23. коло на СуперСпорт ХНЛ, Динамо го совлада Хајдук со 4:0 и избега на огромни 11 бода предност. Избраниците на Чачиќ поведоа во 8. минута со голот на Аријан Адеми, две минути подоцна погоди Мартин Батурина, а потоа Лука Иванушец два пати погоди во 38. и 63. минута.
Аријан Адеми го постигна четвртиот гол, а хрватските медиуми тврдат дека речиси сигурно последен во дресот на Динамо оваа сезона. Следното дерби меѓу Хајдук и Динамо ќе се игра на 29 април на Пољуд, а тогаш капитенот на Динамо ќе биде во Кина. Еден клуб од кинеската лига е многу заинтересиран за Адеми. Наводно му нуди три милиони евра годишна плата за три години со гаранции дека ќе се испочитува договорот.
Кинезите се нафрлија со огромна понуда
Адеми беше блиску до заминување во зимскиот преоден рок, но сепак остана. Но, потоа се јавија Кинезите, чиј преоден рок трае до средината на април. Динамо сакаше да го чека исходот од дербито со Хајдук и Куп мечот со Локомотив за да одлучи дали ќе го пушти капитенот или не.
Дербито беше успешно завршено и како што сега стојат работите, многу е реално Адеми наскоро да го напушти Максимир. Динамо не само што би загубил врвен играч, туку и лидер на тимот и една од иконите на клубот.