Фудбал
Ливерпул – Манчестер Јунајтед 7:0, се е кажано (ВИДЕО)
Неверојатна победа на Ливерпил, или неверојатен пораз на Манчестер Јунајтед, како сакате, но резултатот на „Енфилд“ на крајот гласеше 7:0 за тимот на Јурген Клоп. По испитувањето на силите во воведните минути, во кои и Јунајтед имаше свои можности, Гакпо во 41-та погоди за 1:0. Само што почна вториот дел, два брзи голови на Ливерпул, Нуњез 47-ма и Гакпо 50-та за негов втор гол на мечот.
Од 66-та до 76-та повторно фуриозни 10 минути на Ливерпул во кои постигна два гола. Прво Салах стрела, па Нуњез за негов втор гол. Втор гол на мечот постигна и Салах во 83-та минута, а конечните неверојатни 7:0 ги постигна Фирмино во 88-ма минута.