Connect with us

Фудбал

Мурињо: Погба се врти среќен во Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо истакна дека Пол Погба среќен се приклучи на припремите на клубот.

Поради тоа што го освои светското првенство со Франција, 25-годишниот фудбалер имаше малку повеќе време за одмор, па на „Олд Трафорд“ се појави во понеделникот.

Наводно тогаш стигна и понудата на Барселона, а претходно се пишуваше и за интересот на Јувентус за него. Сепак, Јунајтед не се откажа од скапо платениот играч.

„Од моја перспектива, Погба во понеделникот дојде среќен, горд и со голема желба да работи“, рече Мурињо.

„Тренираше одлично во понеделникот, вторникот и средата. Меѓутоа, сега ми преостануваат разговорите со него. Треба да видам како е физички и психички. Тоа е истиот разговор кој ќе го имам и со Фелаини, Лингард и Јанг. Дали чувствуваат дека можат да ни помогнат против Лестер… Мораме да се трудиме да го извлечеме најдоброто од секој играч“.

Јунајтед на отворањето на новата сезона во Премиер лигата ќе игра против Лестер, денеска во 21:00.