Connect with us

Фудбал

Снајдер: Роналдо не може сам, Јуве нема да биде шампион на Европа

Поранешниот играч од средниот ред на Интер, Весли Снајдер смета дека Јувентус не може да ја освои Лигата на шампионите.

Јувентус го купи Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, а кога го имате Португалецот, тогаш автоматски сте фаворити за освојување на Лигата на шампионите. Искусниот Холланѓанец сепак мисли дека Роналдо не може да му помогне на „Старата дама“ да биде шампион на Европа.

„Не мислам дека Јуве ќе биде првак во Лигата на шампионите. Не се работи само за еден играч. Секако, Јувентус е одличен во Лигата на шампионите последниве години, но еден човек не може се да промени. Постојат некои посилни тимови од Јувентус. Ок, можат да бидат најдобри во лигата, но за Лигата на шампионите потребно е повеќе“, кажа Снајдер.

„Мислам дека во Италија воопшто нема да се борат. Што се однесува до Роналдо, тој е голем играч и затоа брзо ќе се прилагоди на италијанскиот фудбал. Не постои начин за тој да не успее во Италија“, додаде Холанѓанецот.

Снајдер со Интер ја освои тројната круна во 2010. година.