Фудбал
ВИДЕО: Јувентус го раскина договорот со Маркизио
Искусниот играч од средниот ред Клаудио Маркизио (32) веќе не е член на Јувентус.
По 25 години во клубот во кој ги помина сите категории, Маркизио со раководството на старата дама се согласи на спогодбено раскинување на соработката и од денес е слободен играч.
Детето на Бјанконерите дебитираше во најтешките години на клубот. Тој играл 389 натпревари за клубот и постигна 37 гола.
Тој заминува како вистински шампион. Освои седум Скудета, четири пати Куп на Италија, и три Суперкупа на Италија.
Покрај Јувентус, една сезона играше на позајмица во Емполи и е еден од омилените членови на тимот кај навивачите на Јувентус.
Si chiude oggi l'avventura di @ClaMarchisio8 con la Juventus
Una vita in ⚪️⚫️ Per sempre in ⚪️⚫️
➡️ https://t.co/O6iRf4OXkV pic.twitter.com/GSVyvzGss4— JuventusFC (@juventusfc) August 17, 2018