Connect with us

Фудбал

Сорентино се огласи и испрати порака до Роналдо

Фудбалерите на Јувентус на вчерашното гостување со доста маки го совладаа Киево во првото коло од Серија А.

Јуве во самиот финиш на натпреварот успеа да дојде до победа, но натпреварот во Верона го одбележа повредата на голманот на домашната екипа Стефано Сорентино. Тој остана без свест по судирот со Роналдо, а поради повредата на главата мораше да излезе од игра.

Сорентино веднаш беше префрлен во болница каде лекарите утврдиле дека има скршен нос и дека има полесни повреди на вратот и рамењата. Сепак, голманот на Киево утрово е пуштен од болница, а преку Твитер му се заблагодари на сите за пораките за поддршка, а имаше една и за Роналдо.

„Ви благодарам на сите кои ми испративте пораки за поддршка, тоа навистина многу ми значи. Ние сме одлична група и вчера тоа го покажавме. Бевме близу, а потоа CR7 ме прегази“, порача Сорентино.