Connect with us

Фудбал

Мајнц не го заборава Македонецот, неговото име дел од стадионот (ФОТО)

Еден од најдобрите дефанзивци кои Македонија ги имала, Николче Новески веќе десет години е во пензија, а неговиот клуб, каде помина цели 11 години и прерасна во вистинска клупска легенда, Мајнц и денеска не го заборава. Неговото име и дресот со бројот 4 кој го носеше и натаму го краси стадионот на Мајнц. Новески 11 сезони го носеше дресот на Мајнц, стана играч со најмногу настапи за оваа екипа, а во 2017-та година клубот му организираше проштален меч, ревијален, на кој го испратија во пензија како што доликува на една клупска легенда.