Фудбал
ВИДЕО: Роналдо: Вистинската причина за преминот во Јувентус е…
Поранешнот играч на Реал Мадрид Кристијано Роналдо вчера повторно зборуваше за тоа како и кога одлучи да премине во Јувентус по девет години на Сантијаго Бернабеу.
Се разбира, Португалецот повторно ја потенцираше реакцијата на навивачите на Јувентус по неговиот гол со ножички за Реал во четврт-финалето на Лигата на шампионите, кога сите станаа и му аплаудираа.
– Малите нешта прават голема разлика на крајот од денот. Можам да кажам дека она што го видов на стадионот тогаш сигурно многу ми помогна. Не 100%, но одигра голема улога – рече Роналдо во своето прво обраќање за сајтот ДАЗН (пренесување во живо) како нивни глобален амбасадор.
"Wow!" Even Cristiano Ronaldo was amazed by his overhead kick against Juventus!
Credit: @daznglobal pic.twitter.com/p5ec8MRrI6
— Goal (@goal) August 22, 2018
Роналдо признава дека тој гол е навистина посебен во неговата кариера.
– Според мое мислење ова секако е еден од најубавите голови во мојата кариера.