Connect with us

Фудбал

ПСЖ му понуди размена на Атлетико Мадрид

Францускиот шампион му понуди интересна замена на играчи на Атлетико Мадрид.

Желбата на тренерот на ПСЖ Томас Тухел е бразилскиот лев бек Филипе Луис и „Светците“ веќе со денови се обидуваат да го ангажираат овој играч.

Атлетико до сега ги одбиваше „нападите“ на тимот од Париз, но сега ПСЖ се одлучи да понуди размена на играчи за која тимот од Мадрид можеби ќе се согласи.

Од „Паркот на Принцевите“ стигна предлог за размена Лајвин Курузава – Филипе Луис, а ова го натера раководството на тимот од Мадрид да размисли.

На крајот може многу лесно да дојде до размена на играчите. Атлетико не сакаже да го пушти Луис без адекватна замена и оваа понуда е и тоа како примамлива.

Дали на крајот ќе дојде до оваа размена ќе дознаеме во наредните денов, односно до 31. август кога завршува летниот преоден рок.