Фудбал
Гатузо: Многу луѓе ми завидуваат
„Наполи има свој идентитет, на сите им е јасно тоа. Утре ќе биде многу тежок меч. Овој Наполи личи во голем дел на тимот на Сари. Анчелоти не го сменил тимот на 100%. Се обидува да промени нешто. 90-те поени што тимот ги освои во минатото првенство не се случајност“, коментираше Гатузо.
„Се надевам дека утре ќе победи Милан. Вчера се слушнавме со Анчелоти, како што често го правевме откако ја завршив мојата натпреварувачка кариера. Знаете многу добро што доживеавме заедно. Тој е повеќе од тренер. Го повикував неколку пати, кога дожував проблеми во работата“, продолжи тренерот на „росонерите“.