Фудбал
Финишираат преговорите со Фабрегас
Италијанскиот калчо гигант Милан е на добар пат со успех да ги заврши преговорите со лондонскиот премиерлигаш Челзи, околу трансферот на шпанскиот интернационалец Сеск Фабрегас.

Искусниот играч за врска не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и потврди дека планира да ја промени средината за време на зимскиот преоден рок.
Преговорите помеѓу Челзи и Милан околу неговиот трансфер се во завршна фаза, но поранешниот играч на Арсенал и Барселона прво ќе биде позајмен, а потоа ќе биде купен.