Connect with us

Фудбал

Откриена причината за смртта на Шриваданапраба

По повеќе од еден месец, откако се случи кобната хеликоптерска несреќа во која загина сопственикот на англискиот премиерлигаш Лестер, Вичај Шриваданапраба, истражните органи открија дека причина за трагедијата е дефект на моторот.

Според истрагата, механизамот што ги поврзува педалите во кабината на пилотот со сечилата на роторот, кој го движи задниот дел, не дозволил хеликоптерот да ја достигне потребната висина и практично довел до неговиот пад.

Покрај тајландскиот милијардер, во несреќата загинаа уште четири лица. Падот на хеликоптерот се случи неколку минути по завршувањето на натпреварот на „лисиците“ против Вест Хем на стадионот „Кинг Пауер“.

Поради несреќата и смртта на сопственикот, натпреварот помеѓу Лестер и Саутемптон, од англискиот Лига Куп, беше одложен за еден месец.