Connect with us

Фудбал

Погледнете само како ги третираме мигрантите?

Пеп Гвардиола е последниот во низата од фудбалски стручњаци кои јавно го осудија расистичкото однесување на навивачите за време на првенствениот дуел помеѓу екипите на Челзи и Манчестер Сити.

Расистичките пораки беа наменети за репрезентативецот на Англија, Рахим Стерлинг.
Шпанскиот стручњак даде одговор на прашањето дали Стерлинг е жртва на насилство затоа што е црнец.

  • Не знам точно. Разговарав со него кога дојдов во Сити. Тогаш беше активен на друштвените мрежи, а јас му кажав дека мора да го заштити својот приватен живот. Го прифати мојот совет. Созреа, како на зелениот терен, така и надвор од стадионот. Има две деца. Треба да биде критикуван само кога ќе одигра лошо, а не поради неговата боја на кожа. Мора да го заштитиме во оваа ситуација, изјави Гвардиола.

Менаџерот на Сити додаде дека расизмот е присутен секаде во светот, не само во фудбалската игра.

  • Секаде има расизам. Луѓето се фокусирани на фудбалската игра, но да погледнеме како се третирани мигрантите и бегалците. И нашите дедовци и баби биле бегалци. Погледнете како ги третираме како друштво. Поради тие причини, ние мора да се бориме секој ден. Стерлинг е фантастична личност. Мора да ги заштитиме сите црнци. За жал, и во 2018 година се во тешка позиција. Спортот е нешто неверојатно, затоа што го живеете низ најразлични луѓе, додаде Гвардиола.