Фудбал
Македонија на СП 2022?!
Светската фудбалска организација (ФИФА), ќе ја подржи идеата за учество на дури 48 репрезентации на престојниот Мундијал во Катар, изјави првиот човек на таа организација, Џани Инфантино.
Конечната одлука за учество на плус 16 репрезентации, во споредба со претходните светски првенства, ќе биде донесена во март 2019 година.

Сепак, претседателот на ФИФА додаде дека ќе биде тешко изводливо, Светското првенство во Катар, да биде со 48 репрезентации, најмногу поради затегнатите односи на домаќинот со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин.
- Ќе го разгледаме мислењата на сите федерации во ФИФА. Нормално, поголемиот дел од нив се за идеата да проширување, а има и такви кои посакуваат, односно сонуваат СП со 50 или 60 репрезентации. Сосема друго е прашањето дали тоа е изводливо или не, изјави Инфантино за “Скај Спорт”.
Конечната одлука мора да се донесе до март затоа што за време на летниот период ќе биде извршена ждрепката за квалификацискиот циклус за СП 2022, нагласува Инфантино.
ФИФА веќе одлучи дека 48 репрезентации ќе учествуваат на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.