Фудбал
Кристенсен само како позајмен
Каталонскиот гигант Барселона ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигури услугите на данскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Андреас Кристенсен.

Актуелниот шампион на Шпанија е во потрага по нов централен дефанзивец кој треба да биде ангажиран како замена за белгискиот интернационалец, Томас Вермален кој пред некој ден заработи нова потешка повреда. Челниците на лондонскиот клуб ќе седнат на преговарачката маса, но ќе прифатат само 6-месечна позајмица на централниот дефанзивец.