Фудбал
Озил ќе биде позајмен
Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, откри дека менаџерот Унаи Емери и клупските челници се максимално разочарани од играта и од ефектот на германскиот интернационалец, Месут Озил.

Откако го потпиша новиот договор, со кој стана најплатен играч во клупската историја на Арсенал, искусниот играч за врска прикажува просечни партии и се почесто е на клупата за резервни фудбалери.
Според истиот извор, раководните лица ќе се обидат да го позајмат Озил на некој друг клуб за време на зимскиот преоден рок, кој ќе има право да го откупи неговиот договор на крајот од актуелната сезона.