Фудбал
Солскер се консултирал со Фергусен за менаџерското столче во Манчестер (Ј)
Норвежанецот Оле Гунар Солскер откри дека се консултирал со Сер Алекс Фергусон пред да го преземе менаџерското столче во Манчестер Јунајтед. Поранешниот напаѓач на „црвените ѓаволи“ го замени Португалецот Жозе Мурињо, кој беше отпуштен поради слабите резултати, и ќе остане на „Олд Трафорд“ минимум до крајот на сезоната.
- Како играч го имав најдобриот менаџер. Фергусон ми влијаеше на многу начини. Начинот на кој се разбираше со луѓето, го остави на чело на тимот 25 години. Начинот на кој раководеше со процесот, исто така му помогна да се задржи толку долго. 25 години ја сочува гладта за успехот на играчите кои сакаа да играат повеќе и повеќе под негово водство. Истото беше и со тренерскиот штаб. Фергусон отсекогаш бил мој ментор. Дури и во 2003 година кога бев повреден. Сфатив дека тој ги прави работите на многу различен начин, рече Солскер, па додаде:
- Отсекогаш сум бил во контакт со него, бидејќи тој работи поинаку, и секогаш е добро да добиете совет од него. Ќе им помогнам на играчите да ја искористат оваа можност. Научив многу нешта од најдобриот менаџер, како фудбалер и како тренер. Научив од него како да се справам со луѓето. Станува збор за комуникација, додаде 45-годишниот Норвежанец.