Connect with us

Фудбал

Ибра ги наполни мрежите во САД, па сега урна рекорд на Кака!

Златан Ибрахимовиќ реши да остане во Соединетите Американски Држави и покрај тоа што постојано медиумите го селеа во Милано, но искусниот Швеѓанец потпиша нов договор со Лос Анџелес галакси.
Одличниот напаѓач реши да остане уште една година во САД, а сега беа откриени и условите од договорот, кој го потпишал Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот во наредната година треба да добие меѓу седум и седум ипол милиони долари.

Да потсетиме, минатата сезона заработуваше 1,5 милиони долари, па очигледно добил големо зголемување, а неговиот договор така стана и најголем во историјата на МЛС-лигата.

Најплатен фудбалер пред Ибрахимовиќ беше Рикардо Кака, кој во дресот на Орландо заработуваше 6,66 милиони долари.