Фудбал
Лозано опција во нападот
Италијанскиот калчо гигант Милан ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на најдобриот играч во дресот на актуелниот шампион на Холандија, тимот на ПСВ, Хирвинг Лозано.

Мексиканскиот интернационалец сезонава прикажува одлични партии како во домашниот шампионат, така и во Лигата на шампиони, со кои го привлече вниманието на најбогатите европски клубови. Големата желба на “росонерите” може да стане реалност само доколку официјалната понуда за мексиканскиот интернационалец не биде помала од 40 мил. евра.