Фудбал
Неимар сака во Барса и Барса го сака Неимар
Веќе со месеци во прв план, кога се во прашање фудбалските медиуми, е информацијата за можниот кам-бек на Неимар во редовите на каталонскиот гигант Барселона. Шпанскиот весник “АС” уште еднаш потврди дека Бразилецот и понатаму има голема желба да се врати на “Ноу Камп”.

Сепак, најважно во ваквата информација е фактот дека и Барселона сака повторно да соработува со напаѓачот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ. Неимар уживаше додека играше за шампионот на Шпанија, а си замина затоа што не сакаше да биде во сенка на Лионел Меси.
- Следната сезона Неимар ќе нема ослободителна клаузула во неговиот договор, но во 2020 година, оштетата за Бразилецот ќе изнесува околу 160 мил. евра, пишува “АС”.
Неимар и понатаму е во блиски односи со Барселона, иако игра во Франција. Секогаш кога ќе дојде во Барселона, има средба со своите поранешни тимски колеги и со клупските челници.
- Штета, тука имаше се што сакаше. Го форсираше своето заминување од клубот, а сега гледаме дека не е задоволен со се тоа што се случи по заминувањето. Постојано е во контакт со клупските челници, откри анонимниот извор за “АС”.
Истиот медиум тврди дека спектакуларниот трансфер може да стане реалност само доколку во обратна насока се упати крилниот напаѓач Осман Дембеле, кој пак од ден на ден има се подобар и подобар однос со капитенот Лионел Меси.
- Неговиот однос со Меси е се подобар и подобар. Сега е трет стрелец во тимот со 10 погодоци. Ако го поправи своето однесување надвор од фудбалскиот терен, тогаш уште многу години ќе престојува на “Ноу Камп”, додаде “АС”.