Други спортови
Рикиардо може да го напушти Рено во 2020 година
Пилотот на Рено, Даниел Рикиардо изјави дека би можел да го напушти тимот во 2020 година доколку неговите резултати не се подобрат.
– Ако ситуацијата е полоша следната година, тоа само по себе ќе значи дека треба промена. Идеално би било да напредуваме, а јас треба да останам во тимот. Но, ако ситуацијата се влоши – без оглед на причините – и не гледам позитивни сигнали, тогаш ќе свртам нова страница во кариерата, изјави австралискиот возач во Формула 1.
Оваа сезона Рикиардо на 15 трки досега освои 34 бодови.