Connect with us

Други спортови

Осум медали за каратистите на Макпетрол

Каратистите на Макпетрол викендот имаа забележителен настап на интернационалниот карате турнир ,,Куп на шампионите„ кој се одржа во Подгорица.

Макпетролци успеаја да освојат вкупно осум медали, од кои четири златни, еден сребрен и три бронзени медали. Со злато се закитија Абдурахим Идризи, Глигор Петков, Витомир Трајковски и Берто Ацковски. Сребрен медал освои Стефан Стојановиќ, додека Глигор Станоев, Абдурахим Идризи и Глигор Петков стигнаа до бронзата.

На турнирот учествуваа преку 700 каратисти, од 50 клубови и седум држави.