Connect with us

Други спортови

Тајфунот „Хагибис“ ги одложи квалификациитево Јапонија

Сите активности предвидени за сабота, третиот тренинг и квалификациите се одложени, бидејќи се очекуваат обилни врнежи и силен ветар со брзина од 160 километри на час на брегот во близина на самата патека Сузука. Според програмата, квалификациите ќе бидат одржани в недела во 03.00 часот наутро по средноевропско време, а предвидено е трката да започне во 07.10 часот. Во денешните утрински часови беа одржани два тренинзи на кои најбрзи беа возачите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон.

Поради тајфун одложени се и два натпревари од Светското првенство во рагби кое се одржува во Јапонија.