Други спортови
Ѓоковиќ го совлада Димитров за пласман во финалето во Париз!
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се квалификува во финалето на Мастерсот во Париз со победата над Бугаринот Григор Димитров во два сета.
Ѓоковиќ стигна до деветтиот триумф во десеттиот натпревар со Димитров со 7:6 (7:5), 6:4, по еден 1 час и 40 минути игра.
Во борбата за титулата српски тенисер ќе игра со победникот на дуелот меѓу Рафаел Надал и Денис Шаповалов.