Connect with us

Други спортови

Хамилтон: Не се повлекувам без да ја освојам седмата титула

„Немам намера да заминам во пензија. Уживам во моментот, но барам други стимуланси за иднинат“, рече Луис Хамилтон, по гласините дека би можел да замине во пензија на крајот на 2020 година по истекот на неговиот договор со Мерцедес.

„Сакам да ја освојам седмата титула следната сезона. Мразам кога ќе изгубам трка, иако не толку многу како порано, кога бев млад, па затоа бев многу вознемирен“, рече Британецот, кој има 6 титули во Формула 1

„Леклерк и Верстапен ќе бидат следните светски шампион, но се надевам дека не следната година. Тие се млади пилоти и прилично се добри, но моето искуство може да направи разлика“, рече Хамилтон.