Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Фернандо Алонсо доживеа несреќа на релито Дакар, возило се преврте неколку пати

Годинашното издание на релито Дакар се одржува во Саудиска Арабија за прв пат во историјата.

Натпреварот започна пред околу десетина дена, при што започнаа вкупно 342 возила. Иако Рели Дакар понуди неколку одлични моменти, во центарот на вниманието се најде Фернандо Алонсо.

Легендарниот возач на Формула 1 реши да учествува на релито Дакар, но не му оди добро. Алонсо денес имаше инцидент, неговото возило се преврте на само два километри од крајот на етапата од 534 километри.

Алонсо се обиде да го премине песочниот рид од чуден агол, а потоа неговата Тојота Хилукс се преврте неколку пати. За среќа, Алонсо и неговиот совозач Марк Кома поминаа без повреди.

Сепак, оштетувањето на возилото било малку посериозно, па затоа изгубиле дури 68 минути поради поправка. Тие во моментов се рангирани на 14-то место.