Connect with us

Други спортови

Магнус Карлсен продолжува да го воодушевува шаховскиот свет

Карлсен, кој моментно игра на традиционалниот турнир во Вајк ан Зее (14 кола), во првите четири партии ремизира, што беше доволно да постави нов рекорд, односно да не ја почувствува горчината на поразот 111 партии, поточно од јули 2018 година, кога последен пат загуби од Азербејџанецот Шахријар Мамеѓаров. Претходниот рекорд беше сопственост на Холанѓанецот Сергеј Тивијаков (110), опстојуваше 15 години, но беше поставен и со играчи со послаби рејтинзи, за разлика на Карлсен, кој играше против елитата. Рекордот веројатно нема да биде надминат во брзо време во ваква силна конкуренција.

– Тажен сум секако, но истовремено и горд што мојот рекорд опстојуваше 15 години. Го загубив рекордот од најсилниот шахист досега – изјави Тивијаков.