Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Ужасен нокаут – Алварез го „заспа“ несреќниот Силс

Спектакуларната победа синоќа ја однесе колумбискиот боксер Елејдер Алварез.

Тој брутално го нокаутираше Американецот Мајкл Силс во Њујорк и буквално го „заспа“ во рингот.

Во размената на удари, пресудно беше десното кроше и несреќниот Силс не можеше да стане.

Ова е 25. победа во кариерата на Алаварез во која има само еден пораз од Сергеј Ковалев, кој го освои Светскиот шампион во ВБА во февруари минатата година.

Ова е трета пораз на Силс во 27. натпревар.