Connect with us

Фудбал

Курзава наводно преку своите претставници сам се понудил на Јувентус

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел порача дека Курзава нема да биде во екипата за мечот против Лил, па потврди дека се водат сериозни преговори со Јувентус во моментот.

Курзава, наводно, преку своите претставници сам се понудил на Јувентус, па актуелниот италијански шампион е подготвен да направи размена и за возврат на ПСЖ да му го испрати Матијас де Шиљо.

Фабрицио Романо пред неколку недели објави дека 27-годишниот бек Лејвин Курзава сака да го напушти ПСЖ и да се пресели во Јувентус. (Sport1.mk)