Connect with us

Фудбал

Ајнтрахт му пресуди на лидерот Лајпциг

Фудбалерите на Ајнтрахт во Франкфурт го поразија лидерот Лајпциг со 2:0 во натпревар од 19. коло во Бундеслигата.

Стрелци на головите за домашните на „Комерцбанк арена“ беа Алмами Туре во 48 минута и Филип Костиќ во четвртата минута од судиското екстра време.

Лајпциг ќе остане на челната позиција на табелата, до наредното коло, со 40 бода, но Баерн Минхен ќе се доближи на само бод заостанување доколку успее попладнево да славо над Шалке 04 на домашен терен

Бундеслига, 19 коло: Ајнтрахт – Лајпциг 2:0, Борусија Менхенгладбах – Мајнц 3:1, Волфсбург – Херта 1:2, Фрајбург – Падерборн 0:2, Унион Берлин – Аугсбург 2:0, Борусија Дортмунд – Келн 5:1.
Табела: Лајпциг 40, Борусија Менхенгладбах 38, Борусија Дортмунд 36, Баерн М. 36 (-1), Шалке 33 (-1), Баер Леверкузен 31 (-1), итн.