Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ливерпул „мириса“ титула – го победи Вест Хем и отиде на +19

Во рамките од 18. коло во заостанатиот натпревар од најсилното англиско првенство составот на Ливерпул ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Вест Хем со резултат 0:2.

Резултатот го отвори Салах со гол од пенал во 35. минута.

По седум минути игра во вториот дел Салах имаше одлична асистенција од Окслејд Чембрлејн кој постигна гол и ги постави конечните 0-2.

По 24 одиграни кола Ливерпул има дури 19 бодови повеќе од Манчестер Сити.