Фудбал
ВИДЕО: Барселона „петарда“ до четвртфинале
Барселона е седмиот патник во четвртфиналето на Купот на Шпанија. Вечерва без многу проблеми пред својата публика го совлада Леганес со убедливи 5-0 (2-0).
Кике Сетиен на терен го изведе најсилниот тим, па јасно беше дека Барселона сериозно влегува во натпреварот и брзо стигна до водство. Антоан Гризман го отвори резултатот уште во четвртата минута, а неколку минути подоцна Ленгле зголеми на 2:0, резултат со кој се замина на одмор.
Во второто полувреме Каталонците не застанаа и до врв ја наполнија мрежата на противникот. Меси постигна два гола, а еднаш погоди и Артур за конечни 5:0.