Фудбал
ВИДЕО: Рома посрамотена од Болоња среде Рим
Рома им приреди ново разочарување на своите фанови. Фудбалерите на Болоња славеа на гостувањето кај Рома со 2-3 на отварањето на 23. коло во Серија А. Најголема заслуга за оваа победа имаше Муса Бароу, кој речиси цел натпревар си поигруваше со дефанзивците на Рома.
Со оваа победа тимот предводен од Синиша Михајловиќ направи скок од шест места и застана на 6. позиција со 33 бода. Во следното коло Рома ја чека нов тежок дуел, затоа што ѝ гостува на Аталанта, додека Болоња на свој терен ќе ја пречека Џенова.