Фудбал
ВИДЕО: Валенсија шокирана – Хетафе продолжува со победи, феноменален гол на Молина
Гетафе успеа да го победи тимот на Валенсија со убедливи 3-0 и така не му дозволи на противникот да скокне до топ-4 на табелата во Ла Лига.
Двата гола на искусниот Жорге Молина во вториот дел го решија дуелот, додека противникот беше целосно инфериорен. Точка на средбата стави Мата кој погоди по црвениот картон на Флоренци.
Хетафе за општо изненадување со новите три бода по 23 одиграни средби има 42, со што одржува чекор со водечките Реал и Барса.