Connect with us

Други спортови

Бронзен медал и две петти места од настапот на нашите кадети и јуниори на Европското првенство за кадети, јуниори и У21

На денешниот настап на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21 што се одржува во Будимпешта, од 07-09.02.2020 година, нашиот јуниор Бојан Костов со 5 победи и 1 пораз освои бронзен медал во категоријата кумите -57 кг.

Стефан Стојановиќ исто така денес со 4 победи и 2 пораза го освои петтото место во категоријата кумите јуниори -70 кг.

Забележителни настапи имаа и Магдалена Божиновска која освои седмо место.

Во текот на вчерашниот ден успешен настап имаше и Матеј Белистојаноски кој во категоријата кадети -52кг го освои петтото место.