Фудбал
„Мурињо сигурно се кае што го презеде Тотенхем“
„Жозе Мурињо не го унапреди Тотенхем и се изгледаше како претходно во Манчестер Јунајтед. Реков по неговото доаѓање дека ќе ги подигне малку и дека ќе има малку шарм и насмевки некое време“, пишува Мерсон и додава. „Но, сите знаеја дека нема да трае долго, зарем не? Се врати во улогата на намуртениот Мурињо и не гледам дека ги унапреди. Ниту една трага. Ми изгледа како да размислува: ’Зошто ми требаше ова?’. Не го гледате како дофрла до додавачите на топки, зарем не?“, коментираше Мерсон. „Специјалниот“ го водеше Тотенхем на 19 натпревари. Оствари 10 победи, четири нерешени резултати и пет порази.